Тајмингот за одржување на изборите да се договори во рамки на работната група на која се разговара за измените на Изборниот законик. Ова го изјави премиерот Ковачевски кој ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да делегира претставник во ова работно тело.
Првиот човек во Владата смета дека тоа е вистинскиот начин, бидејќи како што рече – секој друг формат на договарање би бил вонинституционален.
Изборите како тема, меѓу другите прашања се наметнале и на четири средби што ги имал премиерот во Собранието со коалициските партнери, меѓу кои и Ахмети.
Од албанската опозиција предводена од Касами, Гаши и Меџити одговорија дека СДСМ и ДУИ веќе не се во позиција да диктираат што ќе се случува. Велат дека приоритет им е создавање предуслови за слободни и фер избори.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека партиите треба да се договорат за избори, а лидерот Мицкоски остава власта да го определи датумот за да не влезе Македонија во уставна криза.
Собранискиот спикер Џафери нагласи дека Нова година е краен рок за да се постигне договор за датумот.