Македонија да добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ.
Ова се очекувања на опицискиот лидер Мицкоски во однос на пораките и позициите од претседателката на ЕК, Фон Дер Лајен, која утре ќе допатува во земјава и која најпрво ќе оствари средба со претседателот Пендаровски, а утре и со премиерот Ковачевски, по што најавена е и зедничка прес конференција.
Средба со опозицијата заасега не е предвидена на агендата на шефицата на Европската комисија. Во меѓувреме нема никакви контакти на релација власт – опозиција околу формирањето на работните групи за датум за изборите.
Мицкосkи и денеска повика тие да се формираат час поскоро, порачувајќи дека локацијата за средбите треба да биде Собранието, а не Министерството за правда, откако премерот Ковачевски го повика да делегира свои претставници во работната група која работи на Изборниот законик и таму се договорат и датумите за изборите.
Во однос на Изборниот законик, порача дека иако ВМРО-ДПМНЕ немала свој преставник во работна група, дека за предложените измени ќе се прознесат во Собранието.