Христијан Мицкоски, ги повика властите да го одредат датумот за изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во четвртокот ја повика Владата да го одреди датумот на парламентарните и претседателските избори.

„Нека седнат и нека се договорат. Јас имам информација дека Ковачевски, Ахмети и Груби денеска ќе имаат работен ручек”, изјави тој.

Мицкоски уште еднаш ги опиша процесите како клучни за иднината на државата. Тој го изнесе ставот дека изборните процеси треба да се одржат меѓу Рамазан Бајрам и православниот Велигден, како и ставот дека нема да има уставни измени „во сегашните услови“.

Запрашан дали ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Скопје, тој рече дека сите што имаат добри намери се добредојдени.

„Секој добронамерник е добредојден. Секој кој што сака да разговара, јас ќе разговарам”, изјави Мицкоски, додавајќи дека има многу теми кои неговата партија ги смета за многу поважни од уставните измени.

Ставот на Оливер Спасовски дека Скопје е безбеден град, Мицкоски го опиша како срамен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*