Од инцидентот во Ист Гејт, измените во Кривичниот и Законот за амнестија, преку вработувањата во Бехтел и Енка па се до наводи за сексуални вонемирувања во високите ешалони на АРМ, сето тоа зачинето со надвикувања и дофрлувања на пратениците од место течеше седницата за пратенички прашања во Собранието.
На тапет пред пратениците се врати и темата за Коридорите 8 и 10 Д. Претничката Силјановска Даљфкова со директни обвинувања до првиот вицепремиер Гриби дека не го почитува законот за Влада со повиците за вработувања на проектот на Бехтел и Енка.
Прашања од собрансиката говорница беа упатени и до министрите за правда и труд и социјала но на нив немаше кој да одговори, на што негодуваше опозицијата, обвинувајќи ги министрите дека бегаат од одговори пред јавноста и дека неоправдано отсуствуваат од собраниската сала и покрај тоа што Собрнискиот деловник надложува задолжително да присуствуваат на седниците за пратенички прашања.