Фамозниот 353 наместо за злоупотреба на службена положба во иднина ќе биде член за културното наследство.
Во најновиот предлог на Кривичниот законик до кој екслузивно дојде Канал 5, ова дело е регулирано како член 460. Првиот став од членот кој го опишува делото, останува ист и со иста казна од шест месеци до три години затвор, како што беше и пред и по последните измените на КЗ.
Во најновиот предлог текст, се враќа ставот 5 за сторено на штета на државниот Буџетот или на единиците на локалната самоуправа, кој беше избришан со последните измени. За ова предвидената казна е најмалку 4 години затвор.
Големата новина во законот е воведувањето на поседно кривично дело со член 461 за злоупотреби при јавните набавки, кое предвидува казна затвор од шест месеци до пет години за одговорното лице кое нема да објави тендер, ќе склучи незаконски договор или че направи измени во текот на договорот надвор од законот, како и во случај со критериумите да привилигира некоја фирма.
Доколку станува збор за поголема имотна корист или штета казната е 1 до 10 години, доколку е значителна најмалку четири години, а за имотна корист или штета од големи размери казната затвор е најмалку пет години.
Со последните измените на КЗ значително беа намалени и казните за делото злостроничко здружување, но сега работната група предлага да се вратат старите казни – до 10 наместо до 3 години затвор.
Ова дело ќе биде регулирано со членот 516. Новиот Кривичен законик има вкупно 531 член, но тој се уште е отворен за забелешки.
До крајот на месецов се очекува и официјално да биде испратен до Министерството за правда, а потоа и до Владата.