Милионски тендер за биолошка терапија без амин од Фондот, еден човек одлучувал кој ќе добие од скапите лекови, несоодветни бројки за залихите со тие во сметководство. Многу нерегуларности во ревизорскиот извештај на Онкологија кој по избивање на скандалот е дел и од доказите во Обвинителството иако обвинителите го имале на располагање уште во месец март. Државниот ревизор кој денеска беше пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет кажа дека мора да има крај на монополското однесување на производители и дистрибутери на лекови. Препораката на Максим Ацевски е измени во законот за јавни набавки каде ќе биде решен и проблемот со земање на терапија на реверс што ја практикувало претходното раководство на клиниката. -Увидовме дека има пракса самите медицински лица да вршат набавка на реверс. Тоа прави сомнеж ЈЗУ да биде во неповолна ситуација со правење набавки пред време а тоа е сомнеж за уцена, вели Максин Ацевски, главен државен ревизор. За дел од пратениците, самиот ревизорски извештај бил доволна причина досега некој веќе да е во притвор за скандалот на Онкологија. -Овој извештај ја покажува нефункционалноста на еден систем. Организиран систем за криминал и не клиника туку концетрационенен логор за пациенти кои бараат спас, Јавниот обвинител можел да стави лица во притвор, а јас, еве ви гарантирам и сега продолжува ова на клиника, вели Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа секако не се согласија пратеници од власта, според кои обвинителството е тоа кое води истрага. -Не се согласувам со вас колега, има предистрага, изјави Даниела Маркоска, СДСМ. Во ревизорскиот извештај е нотиран и акцелераторот купен 2016, но никогаш не е ставен во функција и досега клиниката само за лежарина платила околу еден милион денари. Имало предлог од добавувачот да купат два нови од 5 милиони евра во замена за стариот, но откаско побаравме став од Онкологија ни одговорија дека се одлучиле за инсталирање на истиот со плаќање на сервис.