Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководствата на Министерството за внатрешни работи и на Македонскиот полициски синдикат, денеска го посети Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што во тек е процесот на селекција на кандидати за 12-месечна основна обука за полициски службеници, во генерацијата 2023-2024 за кој Министерството за внатрешни работи имаше распишано јавен оглас за прием на 600 извршители на работно место полицаец за работа во МВР, објавен на 10.08.2023 година.
„Годинава вкупно се пријавени 1.458 лица, од кои 1.105 се мажи и 353 жени, поради што можам да констатирам дека од година во година се пријавуваат сѐ повеќе жени. Селекцијата на кандидатите започна на 27 септември, со утврдување на исполнетоста на посебните услови, како што се потребната висина и проверка на моторичките способности. Обуката се состои од теоретска настава и ситуациони вежби, кои се спроведуваат овде во Центарот за обука, но и практичен дел на стекнување на вештини, кои се изведуваат во полициските станици, при Секторите за внатрешни работи.
Моделот на полициската едукација кој го спроведуваме е заснован на годишна наставна програма, во која се опфатени активности и задачи низ три модули на стекнување нови знаења и вештини од областа на полициското работење“, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите. Притоа, тој потенцираше дека сериозно се пристапува кон селекцијата на кандидатите за полициски службеник, имајќи ги предвид реформите во делот на вработување на полициски