Пендаровски од Њујорк во интервју за МТВ негира. „Во мојот кабинет, никогаш немало моја средба со никого, со ниту еден политички актер или неполитички актер, на која е договарана амнестија за Никола Груевски. Бидејќи мојот став, за помилување станува збор, за евентуално помилување на Груевски сум го кажувал со години, е дека нема тоа да го направам. Во однос на конкретната изјава на г-динот Меџити, тоа ме чуди бидејќи се работи за искусен политичар и се познаваме лично. Можел тоа да го провери и кај мене. Спомнува за наводната средба кај мене дека наводно се одржала на 9-ти мај. Проверувам во календарот кај мене. Освен стандарден работен состанок со моите вработени, точно во 12 часот на 9-ти мај кај мене во кабинетот бил само г-динот Африм Гаши. И се разбира дека не сме разговарале за помилувањето на Груевски,“ истакна претседателот Стево Пендаровски во интервју за МТВ.