Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи го осуди денешното пукање на северот на Косово во кое еден полицаец е убиен, а двајца се повредени.
„Најостро го осудувам убиството на полицаец во северниот дел на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка, сторителите на овој грозоморен чин да бидат изведени пред лицето на правдата. Актите на насилство нема да ја поткопаат стабилноста на Косово. Безбедноста на граѓаните на прво место“, напиша Османи.
„Нападот и убиството на косовскиот полицаец е обид за поттикнување криза и конфликт со последици врз мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион. Најостро го осудувам нападот врз косовските полициски сили во кој полицаецот Африм Буњаку уби и повреди други во северно. Апелирам на грижа и зрелост, итно апсење на убијците, стабилизација на ситуацијата, определба во враќање на ред и право и блиска координа. Изразувам искрено сочувство до семејството Буњаку и на повредените им посакувам брзо закрепнување“, објави на ФБ првиот вицепремиер Артан Груби.