Измените на Кривичниот Законик Предизвикуваат Загриженост кај Обвинителите, Вели Ристоска

Измените на КЗ се во насока на неказнивоста и навреда за обивнителите кои искрено се борат со корупцијата оценува обвинителката Ленче Ристоска кој до сега е единствена обивнителка која јавно проговори законот и одговри на прашањата на новинарите

„Измените на кривичниот законик и тоа како влијаат на културата на неказнивоста која некако се протержира во изминатите години. и обвинителството, по мое мислење, е ставено пред една неблагодарна и тешка задача. Имаме кратки рокови, таму каде што не е застапена застареноста, тоа експресно да се заврши. Од друга страна, ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите“, изјави Ристоска.

„Самите измени јас лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои сме се вложиле во борбата, пред се, против корупцијата, бидејќи овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела“, додаде Ристоска.

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за Траекторија- прво по измените на КЗ кои ниту обвинителката ниту одбраната на судењето не ги спомнаа. И надвор од судницата не дадоа изјави за медиумите. Обвинителката Стефанова кусо објасни дека овој предмет се уште не застарен и затоа судењето продолжува. Според обвинението застарува во октомври. Тројцата обвинети екс функционери Пешевски, Јанакиески и Георгиевски, одговараат за злоупотреба на службената положба од ставот 5, за јавните набавки кој со измените е избришан. Груевски во овој предмет одговараше за друго дело кое е застарено од претходно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*