ВМРО-ДПМНЕ го Потврдува Ставот за Уставни Измени

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ја потврди позицијата на партијата – под овие услови, нивните пратеници да не дадат „пас“ за уставните измени. По последните превирања во опозиционерските редови и јавните преписки меѓу актуелниот и поранешниот лидер, Мицкоски и Груевски, партијата тврди дека во нивните редови има кохезија и единство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и порача – неправдата никогаш не нè скршила. По последните превирања, од СДСМ порача да не ги мешаат во внатрешните кавги во ВМРО-ДПМНЕ. Изминативе неколку дена ескалираа обвинувањата меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО- ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*