За да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови, тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”
„Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата. Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее. Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања“ – вели Мицкоски.
На тоа сега е крај, доколку не биде прифатен неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на Уставот, дециден е Мицкоски.