Лидерот на ДУИ Ахмети праша зошто Мицкоски зборува за „бугарски диктат“

Ахмети за изјавите на Мицкоски: Каков „бугарски диктат“, тоа е француско-германски предлог Го слушам Мицкоски како вели „бугарски диктат“, каков бугарски диктат кога предлогот е француско-германски.

Тука автоматски македонската нација добива меѓународен легитимитет, Бундестагот гласаше за признавање на јазикот, културата, македонската нација, има иницијатива во американскиот Конгрес, американскиот Сенат за чествување на културата, јазикот, историјата на Македонија, да не ја пропуштиме шансата бидејќи историски нациите и државите биле изградени со сојузништво, пријателство, ќе останеме сами, изолирани, губиме шанса за членство во ЕУ и потоа ќе се караме меѓу себе кој е предавникот, да ги бараме предавниците, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети коментирајќи ги изјавите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ахмети вчера во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 рече дека кога ги внесуваш Бугарите како уставна категорија, автоматски „правиш поделба, Македонци и бугарското малцинство“. Вашингтон, Брисел и НАТО, според лидерот на ДУИ, четири години интензивно работеле за да направиме промена на Уставот и бугарското малцинство да стане уставна категорија.

На новинарска забелешка дека Македонците може да речат оти на Ахмети му е лесно да зборува на тема уставни измени и односи со Бугарија зашто не е засегнат идентитетот на Албанците, тој потенцира сограѓаните Македонци да не мислат дека „ние ви работиме зад грб затоа што оваа држава е и наша, иднината сакаме да ја изградиме овде зашто тука сме родени“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*