Европската Унија е загрижена за измените на Кривичниот законик, со кои се намалуваат максималните затворски казни и имаат висока импликација за застареност на делата.
Од таму за Канал 5 велат дека ќе продолжат да го следат владеењето на правото во земјава внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори. Земјава како што велат, се обврзала да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки.
“Жалиме поради недостатокот на сеопфатни консултации со домашните чинители и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со европското законодавство. Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење”, изјави Ана Писонеро Хернандез – Портпаролка на ЕК.