Измените на Кривичниот законик се уште под лупа и на ЕУ откако евроамбасадорот Гир денеска кратко само одговарајќи на новинарски прашања во изјава за медиумите посочи дека се анализира и дополнително ЕУ ќе го изнесе својот став.
ЕУ се уште ги анализира последните измени во Кривичниот законик кои во собранието на Р.С.М поминаа со европско знаменце. Наскоро ќе излеземе си јасен став по однос на тоа. – изјави Гир. И американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска изјави дека правниот тим на амбасадата ги разгледува измените.
„Правниот тим на американската Амбасада ги разгледува, јас лично не сум ги видела, така што не можам да ги коментирам и како што кажавме во соопштението на Стејт депарметнот потребно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава, рече амбасадорката Агелер. Во меѓувреме не стивнуваат различните толкувања на правната фела и аналитичарите околу последните измени на кривичниот законик откако и денеска дел од нив ги изнесоа своите гледишта.
Директорката на академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска посочи дека токму последните измени во К.З не треба да се гледаат изолирано од сето она што изминатиот период се случуваше во јавноста. Одделот за казниви дела во Врховниот суд на седница ќе ги разгледува последните измени на Кривичниот законик. Од Судот за МТВ потврдуваат дека Министерството за правда претходно не побарало нивно мислење. Велат и дека немале забелешки за висината на претходните казни, ниту предложиле нивно ублажување. Врховниот, по Уставниот е вториот суд во земјава кој потврди дека не бил консултиран. Не биле прашани ниту дел од експертите, кои со овој потег на Владата се посомневаа во добрите намери. Заменик министерката за правда која е предлагач на измените во изјава за МТВ демантира дека со нив се крои амнестија и вели оти не се „пазар“ со опозицијата за да гласа за уставни измени. Според неа, ако Владата сакала такво сценарио, ќе го реализирала претходно.
Прашањата што се отворија околу измените на кривичниот законик ќе ги одговори министерот Лога на брифинг со новинарите кој треба да се одржи наредните денови. За МТВ првиот човек на Правда изјави иако неговата заменичка тврди дека се на иста линија за измените, тој не се согласува и има резерва затоа што е убеден дека не се вистинско решение. Михаил Рот коментирајќи ги намалените казни во Кривичниот законик рече дека сега не е вистинско време за меѓусебни уцени и дека ЕУ, јасно очекува од сите земји кои сакаат да станат нејзини членки да продолжат со борбата против корупцијата.