Премиерот Ковачевски Оствари Средба со Германецот Михаел Рот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот. На состанокот се разговараше на повеќе актуелни теми, меѓу кои и претстојниот процес на усвојување на уставните измени.

Претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Рот ја потврди цврстата поддршка на Германија за Северна Македонија на патот на евроинтеграциите и оцени дека сега е време државата да продолжи одлучно напред се до исполнување на стратешката цел-членство во Европската Унија.

Северна Македонија треба да ја препознае важноста на историскиот момент пред којшто се наоѓа и затоа од пресудно значење е да се направи исчекор во евроинтеграцискиот процес кој за граѓаните ќе обезбеди сигурна европска иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*