Истрагата на обвинителството не собрала дозволно докази дека поранешна директорка на Клиниката за Онкологија сторила кривично дело и финансиски малверзации при набавка на цитостатска терапија во 2011 година и се повлекла од кривично гонење.
Против неа Министерството за внатрешни работи (МВР) во јуни 2012 година поднесе кривични пријава за нанесена штета на Фондот за здравство во висина од 350.000 евра, а тогашнито министер Тодоров ја разреши од функцијата. За тековната предистрага од Обвинителството нема многу официјални детали и информации.
Министерот Меџити, пак, во телевизиско интервју информираше дека уште пред два месеца имал состанок во претставник на фирмата која го донела КАТО системот на Клиниката за Онкологија за да се разгледаат можностите за повторно враќање во функција за прецизно следење на патот на терапијата и драстично намалување на можноста од злоупотреби. Според Меџити, поранешниот директор Васев усно, а не писмено, одлучил да не го користи КАТО системот, бидејќи бил скап за користење