Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, по што во кругот на МВР беше предадена вредна донација од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, реализирана во рамки на проектот
„Помош на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО)“, наменета за Секторот за оружје при МВР.
Целта на овој проект е да се обезбеди поддршка на институциите за спроведување на законот во развивање на деполитизирани, професионални капацитети, со способност за справување со транснационални закани и организиран криминал, во согласност со меѓународните демократски начела и стандарди за човекови права. министерот Спасовски го истакна значењето кое за Република Северна Македонија го има проектот