
„Ниту Владата, ниту било која политичка партија или министер не смее, не си дозволува и нема право и никаква можност да влијае врз изборот на подизведувачи на конзорцуимот „Бехтел и Енка“, дециден е првиот вицепремер, Артан Груби, одговарајќи на прашање, дали фирмата Еуровиа, која е голем донатор на партија ДУИ е избрана за подизведувач.
На новинарско прашање дека според извештајот на Антикорупциска комисија подарокот од Еуровиа е спротивно на закон, како ќе се оправдат пред Министерство за правда, Груби со одговор дека ако има било какви сомнежи од страна на обвинителствата, Антикорупциска комисија, да остапат согласно законите, бидејќи како што вели, ги почитуваат законите и одлуките на институциите.