Грковска Коментира за Промените во Кривичниот Законик

Задоволство од измените за конфискација на имот, но не и од останатите измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните и времето за застарување за делата злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување, изрази вицепремиерката задолжена за добро владеење, Славица Грковска.

На измените кои експресно се донесоа во Собранието благодарение на европското знаменце, свој потпис пред некој ден стави и претседателот Стево Пендаровски со што истите стапуваат на сила. За Грковска проширената конфискација е поволна, бидејќи оние што го прекршиле законот лично ќе почуствуваат дека губат нешто со одземањето на нивниот имот со што и граѓаните ќе имаат бенефит.

„За останатите одредби од законот јас ја изразив својата резерва и на седницата на владата заради тоа што сведоци сте дека има реакции во јавноста за начинот на којшто тие членови ќе се ефектуираат на актуелни случаи, меѓутоа и генерално“, изјави Грковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*