Во Скопје Одржан Состанок на Лидерите на Процесот Брдо-Бриони

Хрватска и Словенија нема да дадат поддршка доколку барањето на францускиот претседател Макрон за Европа во различни брзини формално влезе во инцтитуциите во Брисел.

Таквата теза е неостварлива, смета првиот човек на Хрватска. Милановиќ како еден од претседавачите со процесот Брдоо Бриони, од Скопје порача дека во моментов клучно е земјите од Западен Балкан да останат во процесот, а такавите најави од кого и да доаѓаат немаат голема поддршка во Брисел. Ниту Словенија како земја членка на Унијата нема да даде поддршка за ваква идеја, потврди претседателката Наташа Мусар Пирц. Македонскиот претсседател Пендаровски пак вели дека ова е старо барање на Макрон и не е формално стигнато до институциите во Брисел.

Дури и да се случи тоа уверен бил дека нема да биде прифатено од останатите земји членки. Билатералните отворени прашања остануваат уште еден од проблемите на патот на интеграциите, согласни се лидерите од регионот.

Затоа ако ЕУ продолжи да инсистира да бидат решени билатералните спорови базирани на историја или на емоции, ниту една земја од Западен Балкан никогаш нема да влезе во ЕУ, вели македонскиот претседател. Состанокот на лидерите од регионот годинава поминал успешно и ставен е потпис на заедничката декларација, што не беше случај изминатите две години, поради отворените билатерални прашања. Сите претседатели биле согласни дека неопходна е соработката за унапредување на еу интеграциите, борбата со климатските промени и трендот на иселување на младите. Според Најавите следниот состанок од процесот Брдо Бриони ќе се одржи во Црна Гора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*