Пратеникот Скендер Реџепи ја Формира Партијата “Народно движење”.

Пратеникот Скендер Реџепи, кој неодамна ја напушти Алтернатива и делуваше како независен во Собранието, ја формира партијата Народно движење.

Скендер Реџепи со членството и поддржувачите на основачкото собрание на партијата / Фото: Фејсбук-профил на Скендер Реџепи Зејд Основачкото собрание се одржа вчера во Скопје. На него се избрани органи на партијата, а за претседател на Народното движење е избран Скендер Реџепи, пренесува државната новинска агенција МИА.

„Народно движење – Добар почеток на политичкото патување, патување кое ќе ни овозможи да ја зачуваме насоката која започна многу порано, но сега со новиот политички концепт под капата на Народно движење. Нека ние е со среќа и Господ нека биде со нас“, напиша Реџепи на својот фејсбук профил по повод формирањето на партијата.

Дека ќе формира партија, Реџепи најави кон крајот на август. Во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 тој изјави дека тоа доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива каде, како што рече, не дале можност за промена во партијата, како и дека не се гледа себеси како дел од некоја друга политичка опција која во моментов е активна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*