Ќе биде поднесена кривична пријава против 21-годишник кој вееше знаме на Голема Албанија

Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично- правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл. 319 од КЗ.

По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело, А.М.(21), кој е германски државјанин. Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување, соопштуваат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*