Со 48 гласови „за“, 36 „против“ и 1 „воздржан“ Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Вкупно гласаа 85 пратеници. На изгласувањето му претходеше расправа во која опозициските пратеници изнесоа остри критики, обвинувајќи дека власта ги носи овие законски измени за да ги амнестира оние што го прекршиле законот.
Како што истакнаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и во овој случај се злоупотребува европското знаменце. Според заменик- министерот за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ која им реплицираше, од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се со диртективите на ЕУ.
Со измените, значително се намалуваат казните за различните облици на кривичното дело од член 353 „Злоупотреба на службена положба и овластување“ со намалување на казната од најмалку 3 години затвор на казна од 1 до 4 години затвор, како и членот 394 „Злосторничко здружување“ со намалување на казната до 10 години на казна до 3 години.