Судскиот Совет Останува Без Пополнување: Ниту Еден Кандидат Не Се Пријави

Ниту еден врховен судија не се пријавил на огласот за член на судскиот совет. На минатиот оглас пријавен беше единствено судијата Наке Георгиев и беше избран со 6 гласа за и 7 неважечки но уште неседнат на столчето Георгиев се откажа од позицијата за да може неговиот син да биде избран за судија во Кривичен.

Оставката ја поднесе пред да даде заклетва во Собранието. На ова претходела жестока дискусија во Судски но преовладал ставот дека е незаконски да се бира неговиот син додека тој е дел од ова тело бидејќи Законот за судови предвидува дека за судија или поротник не може да биде избрано лице кое со член на советот е во сродство во права линија или странична до трет степен.

Судскиот совет ќе треба да распише нов оглас во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*