Членовите на Судскиот Совет се Пожалија, Лога и Адеми не Доаѓаат на Седници

Судскиот совет во клинч со министерот за правда Лога. Откако членовите му забележаа дека тој, заедно со претседателката на Врховен, Адеми, иако уредно поканети, веќе подолг период не доаѓаат на седниците. Лога со жесток одговор – се повика на препораките на ГРЕКО министерот да не биде дел од ова тело, но и на загубениот кредибилитет на Советот.

„Со оглед на тоа што во последниот период се случија низа нерегуларности во работењето на ова тело каде во голема мера се наруши кредибилитетот на неговите членови, а довербата на јавноста се сведе на најниско ниво, како и посетата на Оценската мисија на ЕУ која ја скенираше состојбата во Судскиот совет по низата скандали и превирања, одлучив да не присуствувам на седниците“, изјави министерот за правда Лога.

Лога објасни дека тоа го правеле и неговите претходници, но, и дека ионака нема право на глас оти е член по функција, па тоа и не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет. Советот на тапет го стави и Кривичниот суд – главна расправа за одреден предмет не се одржала година и пол бидејќи обвинителот не доаѓал на рочиште, а судијата не презел ништо за да го натера да дојде.

Во однос на случајот „Ласкарци“, поранешната претседателка на ова судско тело – Дамева вели дека е недопустливо предмет со толку жртви сè уште да не е завршен. Преголемата толеранција, според Советот, може да доведе до застарување на предмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*