Петровска и Агелер ги Посетија Специјалните Сили во Касарната Илинден

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер во касарната „Илинден“ во Скопје ги посетија припадниците на специјалните сили на македонската Армија, Вооружените сили на САД и армијата на Албанија кои заеднички ги развиваат своите способности и вештини. Министерката Петровска пред специјалците порача дека и ова заедничко извежбување ја покажува блиската соработка помеѓу сојузниците во НАТО.

„Драго ми е што сите заедно вежбате, ги подобрувате вашите способности и на овој начин ги развивате способностите со кои сте секогаш подготвени да реагирате доколку е потребно. Продолжете да работите заедно затоа што на тој начин сме многу посилни и тоа е нешто на кое ние сите се потпираме“, рече Петровска.

Амбасадорката Агелер се заблагодари за посветеноста на сите учесници на вежбата и порача дека имајќи ги предвид опасностите со кои се соочува светот, индивидуалната и колективната подготвеност е поважна од кога било порано. Додаде дека е горда на заедничката соработка и се заблагодари на Армијата која е и домаќин на вежбата. Заедничката вежба се реализира во касарната „Илинден“ од страна на здружени состави од специјалните сили од Северна Македонија, САД и Албанија, согласно претходно утврдено сценарио

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*