Од автоматско оружје во Дебреште пукале и други лица, во присуство на челници на СВР Битола, оружјето не е најдено, ниту сите пукачи се повикани во полиција – изјави денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој притоа објави и видео снимка од пукањето.
„Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи. Денеска ќе објавиме втор дел од видеото на кое се гледа дека не само командирот, туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово. Автоматското оружје од кое е пукано се’ уште не е пронајдено. Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица“ – рече Ковачки.
Тој тврди дека лицето на видеото најверојатно не е полицаец, но со цел да се забошоти случајот, тоа не е викнато во полиција. Ова лице мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? Службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице кои можеби и не е полицаец – рече Ковачки. Тој тврди дека советник на министерот Спасовски му доставил информација дека министерот дал насоки намерно да се направат пропусти во случајот и истиот да се забошоти. Поради тоа, рече Ковачки, итно е потребно министерот Спасовски да поднесе оставка.