Претседателот Пендаровски Одржа Средби во Прага

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Чешката Република, денеска во Прага оствари средби со потпретседателката на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Јитка Сеитлова, и со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова.

На средбите се разговараше за билатералната соработка меѓу двете држави, при што беше изразена подготвеност за нејзино продлабочување во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја меѓупарламентарната соработка.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за постојаната чешка поддршка за македонските аспирации за членство во Европската Унија и придонесот на чешкиот парламент во тој контекст. На средбите се разговараше и за актуелните состојби во двете држави и поширокиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*