Фирмата во Сопственост на Синот на Поранешниот Вицепремиер Доби Тендер Поврзан со Советот на ОБСЕ

Спортистите и спортските настани до крај на ноември ќе се иселат од салата Борис Трајковски, за да го препуштат местото на политичарите кои ќе учествуваат на министерскиот совет на ОБСЕ кој ќе се одржи во Македонија на крајот од мандатот на држава претседавач.

Салата наскоро ќе биде домаќин на европското одбојкарско првенство каде ќе настапува и македонската репрезентација, но опрема од внатре веќе се прибира и се сели како што е ова столче наменето за министерката за култура за некој завршен настан. Зделката од околу милион и пол евра без ДДВ ја доби компанија од Желино. „Еуровиа“ има роднински врски со ДУИ, сопственикот Ељмедин Адеми е син на поранешниот вицепремиер Адеми. Но, не само роднински туку и партиско-финансиски, „Еуровиа“ и сопственикот Адеми во најмалку два наврати биле донатори на поголеми суми на ДУИ. Редовно учествува и добива државни тендери, а два највепчатливи се оној од околу 2 милиони евра за чистење и уредување на земјиштето околу автопатиштата низ цела Македонија, како и тендерот на МВР за изградба на полициска станица во Аеродром.

Но, од МНР тврдат дека сомнежите се неоправдани, „Еуровиа“ била избрана затоа што била најефтина меѓу четирите понуди за организација на советот на министри на ОБСЕ, во процедура според Законот за јавна набавка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*