Свеченостите на градоначалникот на Тетово, Касами, продолжуваат да бидат пропратени со знамиња на туѓи држави, како и знамето на таканаречена Голема Албанија, кое денеска се вееше над реконструираната улица, каде градоначалникот сечеше лента.
Касами вели, дека зад сето ова не стои Општината туку граѓаните, кои реагираат на последните случувања, во врска со посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово. Власта не би имала време да се занимава со знамиња, ако се посвети на расчистување на случаите кои многу луѓе завија во црно, рече.
Инаку градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами на својот Фејсбук-профил вчера ја објави поканата за во Основниот суд Тетово, во врска со дочекот на Курти, каде пишува дека не постапил согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната. Поканата за на суд во која Касами е обвинет за прекршок, тетовскиот градоначалник ја окарактеризира како обид за заплашување и молчење.