Адвокатот на Алил Демири Рече Дека Полицијата Лажела за Апсењето

Си играат со нас и нашите животи, вака кратко во телефонски разговор ни рече таткото на Филип Славковски, еден од 5-те убиени во смилковскиот масакр откако еден од осудените за злосторот, Алил Демири првин беше уапсен во Косово, па ослободен.

Тие во тага повеќе од 11 години чекаат правда и сите осудени да бидат најдени за да ги издржат доживотните затворски казни. Демири иако беше објавено дека вчера е приведен, сега е веќе на слобода, потврди за Телма неговиот адвокат Бесник Бериша кој објави фотографија со осудениот н доживотен затвор за Смилковци. Убеден e дека Демири нема да биде екстрадиран во Македонија и дека полицијата лажела за апсењето на неговиот клиент. Немаше полициска акција за негово откривање. Објавените информации дека косовската полиција заедно со македонската лоцирала и уапсила бегалец од правда е лага. Тие ја излажаа јавноста.

Немаше полициска акција, немаше ниту потрага по Алил Демири. Тој како учесник во сообраќај е сопрен додека се враќал дома. Полицијата вршела рутинска контрола и тој бил во едно од возилата сопрени за проверка. Тој доброволно се претставил дека е Алил Демири , едно од лицата по кои Македонија има распишана потерница. Тој ги покажал документите дека веќе бил ослободен и сега повторно е дома. вели за Телма Бесник Бериша адвокат на Алил Демири И адвокатот на Демири во Македонија, е согласен со колегата од Косово за екстрадицијата. Претходно правда извести дека сеуште е важечко барањето за екстрадиција од 2018 но се чека известување од косовските власти за апсењето на Демири.

Инаку вчера македонското МВР во сооппштение тврдеше дека Демири е уапсен во соработка со колегите од Косово врз основа на меѓународната потерница. Смилковскиот масакр се случи на 12-ти април 2012-та. Беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски кои беа на возраст меѓу 18 и 21 година и 45-годишниот Борче Стевковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*