
Тетовскиот градоначалник Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук објави покана од Основен суд Тетово, од каде бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната.
„Уште еден обид за страв и молк, што ме прави да сфатам колку се плашат од албанската опозиција. Со овие дела ни ја зголемувате храброста. Повторувам, времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво, како што умира и вашиот режим. Им должиме само на граѓаните и на овој народ, а за режими како овие, не се плашевме ниту во времето на комунизмот, ниту сега. Вашето време истече. Одбројување на деновите!“, напиша Касами на својот Фејсбук профил.