Во Косово уапсен е Алил Демири осуден за петркатното убиство кај Смилковското езеро. Демири има доживотна затворска казна за тероризам која судот му ја изрече во отсуство, а веста дека е лишен од слобода ја потврдија од МВР.
Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро, стои во соопштението.
Демири е уапсен, но не се знае дали конечно ќе и биде испорачан на Македонија за отслужување на казната во случајот Монструм. И изминатите години имаше барања за негово естрадирање, но никако да стигне во државата.