Патот на ЕУ – Фокусна Точка на Дискусија на Средбата Пендаровски-Ескобар

Евроинтеграциите во фокусот на состанокот Ескобар – Пендаровски. Вашингтон очекува дека земјава да го продолжи патот кон полноправно членство во ЕУ – ова е сублиматот од едночасовната средба на американскиот дипломат Габриел Ескобар со шефот на државата Стево Пендаровски.

Во кусото соопштение од претседателскиот кабинет наведено е дека претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на поддршката којашто САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава, а се разговарало и за следните чекори коишто треба да ги преземе државава за да напредува во евроинтегративниот процес. Во однос на домашната политичка сцена-ставовите на власта и на опозицијата не се променети, но е засилена реториката. Според премиерот Ковачевски пласирањето тези за светска завера во земјава, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичката кариера на оној што тоа го кажува.

Од друга страна Мицкоски тврди дека неможноста Владата да го испорача ветеното, ги обврзува сега да коленичат пред меѓународната заедница да се изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. На евентуална лидерска средба може да се разговара единствено за предвремени избори-рече лидерот на опозицијата. Во текот на дводневната посета во земјава заменик помошникот државен секретар на САД Ескобар ќе се сретне и со Ковачевски и со Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*