Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава Мартин Памер.
– Разговарајќи за пријателските билатерални односи и посакувајќи му добредојде во земјата и успех во извршувањето на должноста, Груби и Памер изразија уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина, соопшти Кабинетот на Груби.
Груби и Памер разговараа и за меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот договор како предуслов за општествена кохезија и еднаквост меѓу заедниците во нашата земја. мд/са/