Претседателот Пендаровски се Обрати на Меѓународната Кримска платформа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати онлајн на третиот самит на Меѓународната Кримска платформа, којшто годинава поради состојбата во Украина, е од хибриден карактер.

На панелот посветен на хуманитарната состојба и заштитата на човековите права, претседателот Пендаровски истакна дека почитувањето на начелата на правдата не е само од суштинско значење за жртвите и нивните семејства, туку е клучен чекор кон помирувањето, откако ќе се исполнат предусловите за таа фаза.

„Денес, кога ја потврдуваме нашата позиција за непризнавање на нелегитимната анексија на Кримскиот Полуостров и на другите делови на Украина, би сакал да го свртам вниманието на влошената состојба на човековите права на Крим.“ – вели Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*