Објавена кампања „Ние сме Европа“.

Преку кампањата „Ние сме Европа“, Владата и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во наредниот период ќе ги информираат граѓаните за придобивките и можностите од зачленувањето на земјава во Европската Унија.

За изведување на едномесечните активности ќе бидат издвоени пет милиони денари, односно 80 илјади евра – буџетски средства кои, како што истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната презентација, се испланирани од минатата година во рамките на Секретаријатот за промоција на европските вредности. „Кампањата ќе се вика ‘Ние сме Европа’. Ќе се реализира во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово. Секаде ќе има тематски настани, со кои ќе ги покриеме најважните теми, кои врз основа на нашите анализи ги интересираат граѓаните.

Целта на овие активности е да им ги претставиме на граѓаните придобивките од брзото членство во Европската Унија, неопходните реформи кои треба да ги направиме за да ги постигнеме европските стандарди во наредните неколку години и начините како членството ќе го заштити и зајакне нашиот идентитет, јазикот, посебноста и мултиетничкиот карактер на државата“, изјави денеска вицепремиерот Бојан Маричиќ. Официјалниот старт на активностите ќе биде на 30 август и ќе трае до крајот на септември. Првиот во серијата настани ќе се одржи во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*