Мицкоски го Повтори Ставот за Уставните Промени

Мицкоски вели дека посетата на Ескобар на Македонија е како и секоја претходна од странски дипломати и дека нема промена во ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Уставните измени се завршена тема, единствен излез од ќорсокакот се брзи парламентарни избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со предупредување до власта да не ја злоупотребува посетата на Ескобар. Стравот и паранојата којашто ја искажува Мицкоски за некакви светски заговори, јасно покажува дека станува збор за еден антиевропски политичар, велат од СДСМ. Според партијата, тој по ништо не се разликува од неговиот претходник Никола Груевски, а тоа значи реторика против ЕУ и против НАТО.

Мицкоски се согласува со американската амбасадорка Агелер дека граѓаните се суверен во државата и дека на избори што би се случиле час поскоро треба да се изјаснат за Европската унија, но и да го изберат решението како до тоа „да“ за ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*