Албанска компанија ја тужи Македонија во Меѓународниот центар за разрешување спорови во Вашингтон, барајќи отштета од 110 милиони долари.
Станува збор за групацијата „Амадеус Груп“ во сопственост на стопанственикот Бесим Елшани и Елисабета Ѓони. Основата на спорот е изградбата на хотел и трговски центар во центарот на Скопје. Според тужбата, проектот е закочен, а компанијата од владата на Северна Македонија бара отштета од 110 милиони евра, пишува Shqiptarja.com(Шќиптарја) повикувајќи се на Oligarkia.al.
Истиот извор наведува дека во 2014 година, владата во Скопје започна „агресивна програма за обнова на главниот град со згради во класичен барокен стил за да се истакне историјата на земјата“.