Спасовски и Агелер го посетија преминот Богородица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер, остварија работна посета на Граничниот премин „Богородица”, при што се сретнаа со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Југ и беа брифирани за постигнатите резултати на овој граничен премин. Спасовски и Агелер во оваа прилика ги посетија и вработените полициски службеници на овој премин, донирајќи вредна поддршка од Амбасадата на САД, т.н. боди камери за потребите на гранична полиција.

Во изјава за медиумите министерот Спасовски потенцираше дека со заедничката посета имаат за цел да се увиди на терен како дејствува македонската полиција, со поддршката од амбасадата на САД преку вредна донација во техничка опрема за потребите на граничната полиција, а во насока на зајакнување на заедничката борба против корупцијата.

„Сметам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во нејзиното пристапување и интеграција во Европската унија и навистина се надевам дека политичарите од сите политички партии во земјава ќе работат кон остварување на тоа, изјави амбасадорката на Соединетите Американски Држави“ – изјави Анџела Агелер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*