Маричиќ: Има Момент на Решителност за Ново Проширување на ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во својата изјава по средбите во Атина со високите претставници на ЕУ истакна дека постои момент на решителност за ново проширување на Европската Унија и дека Северна Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и повторно да чека. Пораката е јасна, државите од Западен Балкан што поскоро да се најдат во Европската Унија. Како никогаш до сега, постои момент и решителност за ново проширување на Европската Унија.

Сите се свесни дека Европската Унија, ниту Европа не можат да бидат обединети без секоја држава од Западен Балкан да стане членка во Европската Унија, вели Маричиќ. Маричиќ кој заедно со премиерот Ковачевски беше во официјална посета на Атина, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“, во изјавата посочи дека на средбата со домаќинот, грчкиот премиер Мицотакис било потврдено цврстото сојузништво помеѓу Грција и Северна Македонија и дека заложбата е како што сме заедно во НАТО и така треба да бидеме заедно и во Европската Унија.

Во рамки на посетата на Атина вицепремиерот Маричиќ и претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, остварија билатерални средби и со Маја Синду, претседателката на Молдавија и со претседателот на Украина, Зеленски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*