Зечевиќ Оствари Средба со Германската Амбасадорка Дрекслер

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер во седиштето на партијата. Се разговараше за актуелната политичка состојба во земјава, процесот на уставни измени во македонското Собрание и поддршката од Германија за членството во ЕУ, информираат од СДСМ.

„Германија не е само наша пријателска земја која силно го поддржува европскиот пат, туку и најголем трговски партнер, со голем број инвестиции кај нас, а заеднички делуваме како партнери во НАТО и ОБСЕ. Очекуваме Германија да остане посветена на процесот на проширување на ЕУ и да остане силен наш поддржувач,“ истакна Зечевиќ.

Тој потенцираше дека сочувувањето на националните атрибути на македонскиот народ, македонскиот идентитет, јазик, култура и наследство е можно само со полноправно членство во ЕУ и целосна интеграција на македонскиот идентитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*