Претседателот на Собранието Талат Џафери, ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека постапил неделовнички кога го одложил гласањето за потребата за уставни измени, по исцрпувањето на листата на говорници на пленарната седница на 18-ти август.
Седницата беше свикана за 18-ти август според глава 5 на деловникот во која се пропишани чекорите за текот на една седница, рече Џафери. Како што рече спикерот, продолжението завршило со негова констатација дека претресот е завршен и дека за тоа кога ќе продолжи седницата пратениците ќе бидат дополнително известени.
Претседателот на Собранието се повика на членот 81 од деловникот. СДСМ со порака дека претседателот Џафери постапил деловнички и во согласност со законот кога ја заклучил расправата и ја прекинал седницата, а гласањето го одложил за моментот кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинството за прифаќање на предлогот за пристапување кон измена на Уставот.
Во ВМРО-ДПМНЕ, повикаа Џафери веднаш да ја свика собраниската седница за да се гласа за уставните измени. Од партијата посочуваат, Џафери да го примени членот 165 став 1 од деловникот, иако тој регулира постапки за измени на Закон, а не за измена на Устав, за што има и посебна глава во деловникот, потенцираат во ВМРО-ДПМНЕ.