Сè Уште се Работи на Утврдување на Идентитетот на Човекот го Вееше Знамет на Голема Албанија

И натаму се собираат информации и се утврдува идентитетот на лицето кое вееше знаме со карта на т.н. Голема Албанија во Тетово при неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти на земјава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски повтори дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи (МВР), но оти правда ќе има и во случај да станува збор за странски државјанин. „Човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. Кого би знаеле, ако не ги знаеме вработените во МВР? – Инспекторот или лицето кое се посочува, не е тоа лице. Ние објавивме фотографија, јавна објава и натаму утврдуваме кој би бил идентитетот на лицето. Имаше лица кои не беа дојдени од надвор на тие средби”, изјави Спасовски.

Ако лицето е странски државјанин, како што истакна, ќе се искористат сите правни механизни да биде изведено пред правосудните органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*