Продолжуваат Реакциите на Документарецот на ИРЛ за Пожарот во Тетовската Болница

Македонска компанија „Брако“ категорично ги отфрла лагите и измислиците на истражувачката репортерска лабораторија за модуларните болници, кои според компанијата се целосно изградени и предадени според нацртите и документацијата на Светската банка.

Во обраќањето до јавноста, од Брако посочуваат дека 19-те модуларни болници се изградени според сите стандарди и дека нема никакви технички отстапувања. Не е во надлежност, се дополнува во дописот, на самата компанија доколку објектите по примопредавањето биле доопремувани.

За филмот на ИРЛ се вели од компанијата велат дека не е објективен, туку дека послужил за бизнис цели. во информацијата на Брако се вели и дека фирмата го тужи Министерството за здравство, поради долгот за трите амбуланти од Скопје кои не се платени, при што се посочува дека Светската банка веќе ги исплатила парите за 19-те модуларни болници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*