Министерството за Внатрешни Работи Негира Дека Знаменосецот е Полицаец

МВР ги демантира шпекулациите дека лицето кое го носеше знамето на Голема Албанија на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово на 11-ти август е полицаец. Полицијата му го знае ликот, но се уште не го фатила, па бара помош од сите граѓани за идентитетот на знаменосецот на Голема Албанија.

Еве го соопштението на МВР: Во врска со кривично – правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“.

Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР. Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане. „Албин Курти нема да застане тука. Кој мисли дека има начин да го запре господинот Курти – нема начин за тоа прашање. Нема начин да го постигне тоа, но постои начин да не го постигне тоа бидејќи вие во одреден момент ќе му се спротивставите“, рече Вучиќ утрово за РТС. Зборувајќи за посетата на Курти на Тетово и Скопје, Вучиќ изјави дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*