Тетовци се собраа денес пред зградата на Обвинителството и Основниот суд, со цел да реагираат на судскиот процес за трагедијата од 8-ми септември 2021-ва, кога во пожар во модуларната болница животите ги загубија 14 луѓе.
Протестот започна точно на пладне, траеше околу половина час и заврши мирно. На влезот од судот оставени беа натписите и паролите преку кои се бара правда за изгорените луѓе во модуларната болница. Побараа владата да го разреши јавниот обвинител Јовески, заедно со другите обвинители инволвирани, во како што го нарекоа, монструозното дело модуларна болница.
„Правдата не е шведски стол“, „Правдата не е трговија“, „Вистина над лагата, правдата над измамата“-ова беа само дел пораките кои беа ставени пред влезот на Основниот суд во Тетово, каде граѓани и група активисти протестираа, барајќи правда за случајот со модуларната болница.