ВМРО-ДПМНЕ Реагира на Коментарите на Захариева

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја искоментира изјавата на Захариева во која вели дека измената на Уставот на Република Северна Македонија не е голема работа оти Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати.

„Како членка на Советот на Европа ќе биде многу продуктивно за двете соседни држави доколку Бугарија реално ги почитува пресудите на овоаа пан-европска судска институција. Во спротивно, хипокризија е да се говори за реалноста во дворот на соседите, а да не ја почитуваш реалноста во сопствената држава.
А за уставните измени, европскиот принцип е секоја земја да одлучува самостојно за Уставот, како највисок правен акт, кој е заедничка општествена повелба на граѓаните во секоја држава.“, вели Милошоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*