
Никола Мицевски по координација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Останува континуираниот став. „Измени на Устав под бугарски диктат и ваков формат нема да има, истото ќе го повториме и на пленарна седница“
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема се поддржат.
„Ова се случува секогаш кога народот ќе се потцени, и кога личните интереси ќе ги стават пред тие на државата. Тие цела година купуваа време со очекување и сега стануваат жртва на сопствените лаги. Дозволија државата да ја стават во подредена позиција и да ја донесат во слепа улица.“ – вели Мицевски.